Од 2 август човештвото почнува да живее „на кредит“ – нема вода и воздх


Човештвото од 2 август годинава ќе почне да живее на „кредит“, бидејќи до тој ден официјално ќе бидат потрошени залихите на вода, земја и чисти воздух за оваа година.

Според наводите на Светскиот фонд за природата (ВВФ) и мрежата „Глобал Футпринт“, тоа што треба да не загрижува е дека тој ден доаѓа порано од минатата година. Тоа значи дека човештвото до крајот на оваа година ќе живее „на кредит“.

– До 2 август 2017 година ќе искористиме повеќе од природата отколу што таа може да обнови за цела една година. Тоа значи дека само за седум месеци емитувавме поголемо количество на штетни гасови и ги загадивме океаните и шумите повеќе отколку што можат да поднесат за една година. Уловивме многу повеќе риби, исековме повеќе дрва и конзумиравме повеќе вода отколку што Земјата може да произведе во тој период, се наведува во соопштението.

Мерењето се врши од 1986 година, а оваа година датумот кога официјално сме ја исцрпиле Планетата дојде порано од претходно.

За споредба, во 1993 година тој ден бил 21 октомври, во 2003 година 22. септември, а во 2015 година 13 август.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1