Од агент на Тајната служба украден лаптоп со безбедносни податоци


Од автомобил на Тајната служба на САД, чијашто задача е безбедност на највисоките американски функционери, украден е лаптоп со цртежи на „Trump Tower“ во Њујорк, каде што беше сместен изборниот штаб на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, детали од кривичната истрага против Хилари Клинтон поради користењето на приватниот сервер за официјална комуникација во периодот додека беше државна секретарка, како и други информации поврзани со националната безбедност, пренесува во петокот телевизиската мрежа ABC News.amerika policija

Според извештајот, инцидентот се случил во четвртокот во Њујорк. Од Тајната служба ја потврдиле кражбата на лаптопот, без да дадат дополнителни информации за настанот, пренесува агенцијата Reuters.

Безбедносната служба, исто така, во одговорот за агенцијата тврдела дека нејзините службеници не смеат да чуваат чувствителни податоци во сопствените уреди.

Американските власти се во потрага по украдениот лаптоп. Полицијата се надева дека многу брзо ќе го утврди идентитетот на сторителот со помош на снимките од надзорните камери.

Покрај тоа, Тајната служба се обрати до јавноста за барање до сите коишто може да имаат каква и да е информација за кражбата, да се обратат до њујоршката полиција или директно во споменатата безбедносна агенција.

Во соопштението се истакнува дека службата ќе објави дополнителни коментар, веднаш откако ќе бидат собрани неопходните податоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1