Од бездомничка до милијардерка за само 2 години (Видео)


Американката Дени Џонсон се најде на листата на Форбс меѓу најбогатите американци – а оваа жена има неверојатна приказна. За само две години таа од бездомничка станала милионерка.

deni-dzonsonТаа е родена во сиромашно семејство со родители зависници и живееле од социјална помош. Девојчето било и сексуално малтретирано и на 17 години останала бремена, а по неколку години физично и психичко малтретирање избегала од дома. Работела како келнерка во Хаваи, спиела во автомобилот а и самата станала зависник.

Се обидела и да се самоубие. Едно утро видела реклама за програма за слабеење, се јавила за да се вработи кај нив но ја одбиле.

bezdomnickaТогаш решила самата да почне да „продава“ програми за слабеење. Сама си изработила летоци и ги растурила низ градот. По само три часа веќе добила нарачки во вредност од 4.000 долари.

Во првата година од нејзниот бизнис заработила 250.000 долари, а веќе следната година нејзиниот приход достигнал еден милион. Отворила 18 центри за слабење, а откако ја разработила мрежата – ја продала. Денес работи како мотивациски предавач и пишува книги. Во меѓувреме и се омажила и има пет деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1