Од денес до среда пак сонце со температури до 18 степени


Ќе имаме стабилно време, сончево со умерена облачност и без врнежи од дожд. Влажниот бран веќе се повлекува, а нови врнежи од дожд се можни во среда.sunny-sky

Влијанието на топлите воздушни бранови утре ќе ни донесат во Скопје 18 Целзиусови степени, во Тетово 16, Гостивар 17, Маврово 13, Дебар 17, Куманово 18, Крива Паланка 15, Виница 17, Штип 18, Велес 15, Берово 17, Струмица 18, Дојран и Гевгелија 19, Крушево 14, Охрид 17, Прилеп 16, Битола 17…
И во вторник времето ќе биде стабилно и сончево со дневни температури од 14 до 18 степени. Во среда температурите ќе се движат од 13 до 17 степени, а можни ќе бидат и врнежи од дожд. Слаби врнежи од дожд ќе има и во четврток кога дневните температури ќе бидат од 12 до 17 степени. Во петок Македонија ќе биде под влијание на северно воздушно струење, што ќе доведе до пад на температурите.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1