Од октомври матичните лекари ќе пропишуваат повеќе лекови на рецепт


Од 1.октомври матичните лекари ќе пропишуваат повеќе лекови на рецепт. Фондот за здравствено осигурување им го зголеми буџетот за лекови од 330 на 400 денари по бод, пренесува порталот Здравство24.

lekar44

Како што велат од ЗПЛРМ за zdravstvo24.mk, ова нивно барање кое го прифати Фондот се должи на фактот што  голем број на лекови се симнаа на ниво на матичен шт о значи дека пациентите можа тда го добијат лекот директно од избраниот лекар без да одат кај специјалист.

Бенефитот за лекарите е што послообдно ќе можат да пропишуваат лекови без да се плашат дека ќе им биде намалена капитацијата. Изминатиот квартал околу 300 лекари имале некакво намалување поради прекорачување на лимитот.

Второ олеснување за лекарите кое е прифатено од ФЗОМ е породилното отсуство за матичните лекарки. Слободно можат да се грижат за бебето без страв дека ќе им бидат земени пациентите.

Досега, како што пренесува Здравство24, морало да вработат замена за континуирана грижа за пациентите или по 35-тиот ден од отсуството ФЗОМ автоматски им ги бришал пациентите.  Сега тоа е веќе минато и можат да бидат на породилно 9 месеци а за целото тоа време ФЗОМ ќе им ги чува пациентите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1