Од пилешко им растат гради на деца – и во Македонија голем број деца со предвремен пубертет


Во моментов се третираат четириесетина деца со вистински предвремен пубертет. Кај стотина деца годишно, повеќето девојчиња, лекарите на Клиниката за детски болести проверуваат дали има вистински предвремен пубертет. Ако го докажат, тогаш децата добиваат хормонска терапија за да се запре пубертетот. Доколку, пак, се работи за лажен, тогаш се менува нивната исхрана. Пестицидите и исхраната се најголем виновник – пишува Нова Македонија

dete pubertet 2– Сметаме дека најчесто се работи за конзерванси, прехранбени хормони, кои се даваат за брзо размножување кај кокошките за побрзо да несат јајца. Некои од конзервансите што се користат во паштети или салами се исто така на естрогенска база или слични на естрогените по формула – велат лекарите.

Ема има шест години. Иако уште е далеку од пубертетот, кај неа почнале да се појавуваат т.н. срамни влакненца. Испаничените родители ја однеле на Клиниката за детски болести.

dete pubertet

Тестирањата покажале дека девојчето нема вистински предвремен пубертет, туку псеудо или лажен пубертет.

Откако родителите ја промениле исхраната на детето, влакненцата почнале да паѓаат. Тие во домашниот ладилник имаат сѐ помалку храна со конзерванси, а внимаваат и на пилешкото месо и на јајцата што ги купуваат. За пилешки салами, велат, воопшто не станува збор.

Динстано месо наместо салама

Д-р Кочова вели дека лично, по многу години работа и многу третирани деца, препорачува извесна рестрикција во однос на внесување на пилешкото месо и преработките од него.

– Тоа треба барем делумно да биде од живина што не е хранета со концентрати. Можете да најдете и јајца што се поситни и не се индустриски произведени. Се претерува со пилешки салами во исхраната. Едно дете е подобро да изеде динстано месо отколку да му се даваат овие салами, за кои не сме сигурни со што се конзервирани. Македонија сѐ уште има многу места каде што се хранат со природна храна, не се употребуваат ниту пестициди – вели таа.

Децата со предвремен пубертет остануваат ниски, имаат и либидо

open-uri20120722-897-65a81iПубертетот кај децата може да се јави во кое било време. Денес, кај девојчињата пубертетот почнува по 8-та година. Тоа значи дека е нормално да се појават гради по осмата година. Ако тоа се развива брзо меѓу осмата и деветтата година, тогаш велиме дека се работи за ран пубертет.

Сѐ што е по осмата година не нѐ загрижува многу. По 11-та година кај девојчињата сметаме дека е нормално да почне првото крвавење – менструација. Значи, кога ќе се појават гради, потоа се појавуваат влакненца, па девојчињата добиваат менструација – објаснува д-р Кочова.

izvor – Nova Makedonija 

ВИДЕО: САМО ЗА ОНИЕ СО СИЛЕН ЖЕЛУДНИК- КАКО СЕ ПРАВИ ВИРШЛАТА?
НАЛЕПНИЦИТЕ НА ОВОШЈЕТО ИМААТ ЗНАЧЕЊЕ – ЕВЕ КОЈ СЕ ГМО, А КОЈ ЗДРАВИ ОЗНАКИ
9 НАЈСТРАШНИ АДИТИВИ ВО ХРАНАТА – ЧИТАЈТЕ ГИ ЕТИКЕТИТЕ
ЕВЕ СО ШТО ПОЛНАТ МАКЕДОНСКИТЕ САЛАМИ (ВИДЕО)

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1