Од сега ќе мора и кафе да варите како што ќе каже ЕУ – донесоа и правилник


Европската Унија до сега има усвоено повеќе правилници и прописи за заштеда на електрична енергија. На ред дојдоа и упатствата за користење на апарати за домаќинство, поточно уредите за приготвување на кафе. Сите овие прописи колку год да се корисни, даваат впечаток дека ЕУ сака да ги превоспитува своите граѓани.

kafeЕУ ќе го регулира времето на зготвување на кафе во апаратите за зготвување на кафе, а овие правила се посебно насочени кон апаратите за зготвување на филтер кафе, кое што е омилено кафе во Германија, пренесува германскиот радио „Дојче веле“.

Сите германски медиуми потсетуваат дека ЕУ веќе почна да ја ограничува потрошувачката на правосмокалките, аспираторите а последните на ред дојдоа апаратите за кафе.

„Ова се мали чекори кој што имаат големо влијание. Рака на срце, оваа влијание е поинакво од она што го присакуваат бирократите од Брисел. Ефектот на овие мерки не се само енергетските заштеди, кој што не се мали, туку како ефект се јавува незадоволство кај граѓаните на ЕУ, бидејќи се чувствуваат дека ЕУ ги „превоспитува“.“наведуваат германските печатени медиуми.

„Манија на регулирање кое што доаѓа од страна на бирократијата на ЕУ не познава граници. Државата знае што е добро и донесува соодветни закони со кој што ги реализира своите идеи. Она што не чуди е што поголем дел на граѓаните едноставно со своето молчење ги аминува сите замисли на државата. На ваков начин граѓаните се соочуваат со се поголем број на одлуки кој што не треба да биде донесен од страна на државата“, пишува „Нордвест цајтунг“.

energetskaefikasnost.info

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1