Од смртоносни вируси дерман да се немало – Нов вирус нападна туристи


Американскиот сојузен центар за надзор и спречување на болести предупреди дека е можно околу 10.000 луѓе да биле во контакт со смртоносниот хантавирус во националниот парк Јосемити во Калифорнија.

До сега се забележани 6 случаи на оваа ретка болест која се пренесува преку плунка или урина од животни, а посебно глувци, а причинува тешка инфекција на белите дробови. Надлежните стравуваат дека оваа бројка ќе се зголемува.

До сега двајца починаа од овој вирус, а сите заразени имаат една работа заедничка-престојување во Кари Вилиџ, собиралиште на посетителите на спектакуларниот парк Јосемити.

Службата на националниот парк се обидела да контактира со 2.900 луѓе кои престојувале во кампот од 10 јуни до 24 август.

„Шаторите се дезинфицирани на 24 август, а посетителите се преместени.

Но, голема е веројатноста кај луѓето кои престојуваа во кампот од 10 јуни до 24 август да се развие вирусот во рок од 6 недели“ тврдат од центарот.

Хантавирусот е многу редок, но и многу опасен. Над третина од случаите завршуваа со смрт.

На почеток се манифестира со лесни симптоми како главоболка, проблеми со желудникот, кашлање, но овие симптоми наскоро може да предизивикаат фатални последици.

За овој вирус не постои лек па поради тоа е неопходна брза реакција. Болеста е откриена 1993 година. Во Калифорнија се дијагностицирани 60 случаи, а во Америка вкупно 587.

Третирна од заболените се починати.

Tags: , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1