Одбиен првиот приговор на БЕСА


Државната изборна комисија со 7 гласа „против“ и два гласа „за“ го одби првиот приговор на политичката партија БЕСА кој се однесува за избирачкото место 2333/1 во Арачиново, изборна единица два.dik-sednica1-640x419

Мнозинството членови на ДИК се согласија дека за приговорот на БЕСА нема докази кои го потврдуваат тврдењето на политичката партија за наводни изборни нерегуларности.

Неоснованите приговори на БЕСА се отфрлаат. Правните аргументи на кои се повикуваат седуммина од 9-те членови на ДИК се дека ниту членовите на избирачкиот одбор, ниту некој од набљудувачите регистрирал било какво нарушување на изборниот процес и не се знаведени никакви забелешки во записниците.

Единствено двајцата членови на СДСМ гласаат за незаконските приговори на БЕСА

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1