Одложено судењето за Траекторија – Груевски вели судот работи под политички притисок


Повторно беше одложено судењето за случајот „Траекторија“, бидејќи и по одбиените приговори и по паузата адвокатите на обвинетите, но и поранешниот премиер Никола Груевски продолжија да изнесуваат нови приговори.

Груевски во своето обраќање до судијата повторно побара смс пораките да не бидат доказ, бидејќи како што вели ваквите електронски записи е лесно да се манипулираат и менуваат.

Следното рочиште е закажано за први март.

За Траекторија, Груевски, Пешевски и Јанакиески се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според обвинителниот акт од СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1