Одмор на море со 50 % попуст – цените паѓаат, морето во Бугарија празно


Цените на морето паѓаат, и тоа во екот на сезоната. Стотици понуди за ноќевања со 50 отсто попуст се појавија на интернет-страниците за колективно пазарување. Хотели со четири ѕвезди нудат 10 отсто попуст при пријавување „во последната минута“. Со поевтини ноќевања и пакети туристичките работници се надеваат да ги пополнат своите хотели.

Couple at BeachСега секој петти кревет јужно од Бургас е празен, што е нечуено за крајот на јули. Единствено во Варна се радуваат на наплив од Руси и Романци, пишува весникот „Стандард“.

Никој не се сеќава на сличен одлив на туристи, и тоа во екот на сезоната. Лани да се најде празна соба по 15 јули беше апсолутно невозможно. Сега ситуацијата е очајна, а од почетокот на август против секоја логика се очекува бројот на слободните места да се зголеми. Исклучок од општото правило има само во кампот „Нестинарка“, каде што сите апартмани се зафатени речиси 100 отсто до крајот на јули.

Причина за слабата сезона се лошите околности, коментираат хотелиери. Од една страна, лошото време и поплавите, кои избркаа многу од туристите. Од друга страна, голем одлив и од западни туристи, кој е необјаснив. Kризата во Украина е дополнителен удар и ги намали резервациите и од Украина и од Русија, тврдат луѓе од индустријата.

Последната поплава пред една недела во општината Приморско влијаеше на речиси целото јужно крајбрежје. По потопот морето стана како „боза“ и луѓето се плашат да влегуваат во вода.

Лошата сезона не го одмина и северот.

Имаше откажани резервации поради дождовите во јуни и последните информации објавени особено во романските медиуми, а и во други земји, дека демнее зараза во морето. Поплавите, исто така одбија туристи. И ние, а и колегите, имавме откажани резервации од Романци, Руси, дури и од Бугари – вели Десислава Kирјаков од БХРА во Балчик. Според неа, и профилот на туристите се менува.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1