Ограбен “Тедико” маркет во Карпош 4


grabezМаскирано лице вооружено со нож синоќа го ограбило маркетот „Тедико“ во скопски Карпош 4.

Супермаркетот „Тедико“ на улицата Разловечко востание во населбата Карпош 4 вчера, околу 21.30 часот бил мета на разбојник.

Маскирано лице со закана со нож од вработените успеало да одземе 12.000 денари и да побегне.

Истиот маркет и во декември минатата година беше ограбен од страна на разбојник вооружен со нож.

Полицијата трага по него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1