Ограбени туристи во Грција – разбојниците им се протнале под ролетните додека спиеле


Српски туристи кои летувале во Никити во Грција биле ограбени во својот апартман, кога разбојници им се протнале под ролетните и им украле два мобилни телеони и фото апарат.

Туристите станале лесна мета на крадците најверојатно, бидејќи во апартманот не им работела климата, па спиеле со отворен прозор, со спуштена ролетна и затворен комарник.

Разбојниците сепак имале обзир, па им ги оставиле таблетот и клучевите од автомобилот.

Сличен случај се случил и во Пефкохори, кога момче кое се преправало дека лежи на плажа, а всушност прислушкува што зборуваат туристите, па така наслушнал дека некоја жена купила бунда. Вечерта жената и нејзиниот сопруг биле ограбени во нивниот апартман.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1