Охрид го стресе земјотрес


Околу 13 часот во неделатаво Охрид е почувствуван земјотрес со послаб интензитет, објави порталот Охридњуз.

Од Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар информираат дека земјотресот е регистриран на територијата на Македонија.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), во 12.40 часот регистриран е земјотрес со јачина од 2,3 степени кој бил со епицентар на 4 километри северо источно од Охрид, односно 3 километри јужно од Косел.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од еден километар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1