Оливер се огласи по тешката здравствена состојба


Оливер Драгојевиќ во почетокот на месецов го прослави својот 70-ти роденден, а неодамна се дозна и дека боледува од рак на белите дробив, но за среќа на време им се обрати на лекарите.

Веднаш почнал со хемотерапија, која засега добро ја поднесува.

-Лежам, гледам телевизија. Така сега изгледаат моите денови. Добро сум, одам понатаму. Морам да туркам. Ќе видиме дали сѐ ќе биде во ред после оваа тура хемотерапија. Сѐ е уште многу неизвесно и не се знае што ќе биде – изјавил тој за српскиот магазин Блиц.

На прашањето дали се преплашил кога му била установена дијагнозата одговорил:

-Како и сите луѓе, енергијата ми е нормална, не сум луд да се исплашам. Болеста е болест, секој пати на свој начин и се бори да истрае во своите надежи и да оди напред – рекол тој.

-Не знам зошто јавноста толку ја интересира моето здравје. Имам некој живот кој е приватен и така сакам да биде, но тоа за жал веќе не е приватно, бидејќи толку многу се пишува за мојата болест. Што ли ќе кажат луѓето кои читаат дека сум болен, а толку болни има на светов – рекол пејачот и порачал дека сите треба добро да се грижат и внимаваат за своето здравје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1