ОМД загрижена за влошеното здравје на Едмонд Темелко


Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е сериозно вознемирена од веста за влошеното здравје на Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, Албанија, кој во 2010 година ја доби Наградата за човекови права на ОМД и инсистира СЈО веднаш да побара отпуштање од притвор.

Еве што се вели во дописот од ОМД 

ОМД му испраќа најискрени желби за брзо оздравување на Темелко и му посакува цврта верба и истрајност во голготата што ја преживува.

Ја потсетуваме Македонската јавност дека за време на неговиот градоначалнички мандат, Темелко се има покажано како посветен борец за човековите права на македонското малцинство во Пустец, како и во останатите делови од Албанија, осигурувајќи дека истото е третирано со должна почит и достоинство. За време на неговата активност на албанската политичка сцена, Темелко се има покажано како столб на толеранцијата, плурализмот и еднаквоста на Македонците во Албанија. ОМД се надева дека Темелко ќе продолжи да ја извршува оваа функција уште многу години.

ОМД предупредува дека со селективниот пристап на Специјалното јавно обвинителство за двомесечниот притвор, се крши правото за не-дискриминација, и се надеваме дека на Темелко ќе му биде овозможен еднаков третман со другите обвинети, како и фер и транспарентен судски процес.

ОМД им се придружува на претседателите на Македонија и на Албанија, како и на македонските организации во Албанија и светот, кои изразија загриженост за здравствената состојба на Темелко.

Интегрално

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1