Организиран терористички напад – Најдени уште 2 бомби кои биле подготвени за детонација


boston maraton eksplozijaВисок американски разузнавач за Асошиејдет прес вели дека уште две експлозивни направи биле пронајдени во близина на местото во Бостон , каде што две бомби експлодираа. Тој изјави дека новите уреди биле деактивирани

Не е сеуште јасно кој бил мотивот.

Полицијата открила дека имало одделна експлозија и во близина на ЈФК библиотеката во Бостон – со ова се потврдуваат информациите дека станува збор за организиран и координиран напад. Експлозивните направи да се активираат во одреден момент.

Полицијата ги алармираше граѓаните да не се движат во близина на кантите за отпадоци, се чешла целиот реон околу местото на експлозиите бидејќи се стравува дека можеби има и други поставени бомби. Според известувањата на медиумите експлодирале 2 бомби една подруга.

Според некои медиуми бројката на жртвите била 12 лица – но официјалните информации засега потврдија дека 2 лица се починати а 28 повредени.

БОМБА ЕКСЛОДИРАЛА НА ФИНИШ ЛИНИЈАТА НА МАРАТОН ВО БОСТОН – ИМА МНОГУ ПОВРЕДЕНИ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
НАЈМАЛКУ 2 МРТВИ, 22 ПОВРЕДЕНИ ОД ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БОСТОН (ФОТО/ВИДЕО)
УЖАС ВО БОСТОН – СЕ СТРАВУВА ДЕКА Е ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД И ИМА УШТЕ БОМБИ (ФОТО/ВИДЕО)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1