Ослободи го својот телефон! – „чудо“ на мобилната телекомуникациска технологија


Гигантот „Самсунг“ на крајот од март го презентираше одличниот „Галакси С8“ – „чудо“ на мобилната телекомуникациска технологија. Овој уред беше претставен во средината на април и во Македонија, а веќе е во рацете на голем број корисници, без разлика на неговата цената на македонскиот пазар. Сепак, по се изгледа дека за оние што сакаат телефон со добри перформанси и кој е направен за да трае подолг период, цената не е пречка да имаат в раце одличен уред кој е повеќе од обичен телефон.Моделот „Галакси С8“ се разликува од претходните модели според повеќе карактеристики, а најмногу се издвојува по неговиот дизајнот. Новиот модел изгледа како фино изработена и заоблена плоча од стакло, без метални рабови од страните. Од тие причини и мотото за новиот модел е „ослободи го својот телефон“.
Галакси С8 и Галакси С8 + со својот OLED екран овозможуваат прегледност на целиот уред. Екранот ја исполнува речиси целата предната страна на телефонот и допринесува за неговиот совршен премиум изглед. Галакси С8 и поголемиот Галакси С8 + не само што имаат големи подобрувања во нивниот OLED екрански хардвер, исто така, имаат и многу нови и подобрени карактеристики и функции на дисплејот.
И двата модели имаат заоблен OLED екран кој постави нов рекорд во перформансот на прикажување. Заоблениот екран овозможува две дополнителни области кои може да се гледаат од двете страни, па дури и кога телефонот е поставен со лицето надолу. Со опцијата „Always on Display” овие телефони може да се користат дури и како ноќен часовник на масичката покрај вашиот кревет.
Карактеристики:
• Галакси С8 е прв во новата генерација на OLED паметните телефони кои имаат бесконечен екран. Овој уред се карактеризира со нова, 3К висока резолуција – 2960 x 1440 екран кој ја исполнува речиси целата предната страна на телефонот од крај до крај, што резултира со поголем 5,8 инчен дисплеј со повисока висина во сооднос со ширината од 18,5: 9.
• Галакси С8 има од 5% до 19% поголема осветленост на екранот, плус рекордна највисока осветленост од преку 1.000 нити.
• Како прв мобилен уред со премиум високо динамички опсег (HDR), Галакси С8 и С8+ овозможуваат да се гледаат истите живи бои и контрасти, со запрепастувачки детали.
• Галакси С8 и С8+ нудат напредно ниво за гејминг доживувања со живописна и супериорна графичка технологија, како и пакет игри со врвни наслови, вклучувајќи ги и игрите поддржани од Вулкан АПИ (Vulkan API).
• Екранот на С8 е исклучително осетлив на допир и притисок.

Се на се, овој нов паметен Самсунг уред импресира со својот дизајн. Стилизираниот уред ги поместува границите на дизајнот со својот револуционерен, заоблен бесконечен екран и симетричните метални рабови. Клучниот елемент за голем паметен телефон отсекогаш бил вистински иновативен и врвен дисплеј кој ќе функционира беспрекорно, а Самсунг овој пат навистина не воодушеви и го прикажа досега најдоброто во ова поле!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1