Оставка за министерот од БиХ поради изјавата: „Штедeте, немојте да јадете“


Министерот на БиХ, Милорад Бахиљ Бајав, покажа дека нема добра смисла за хумор, по изјавата за поскапувањето на храната, енергенсите и водата.

Тој на граѓаните им испрати нималку духовита порака, поради која ќе остане без министерката фотеља.

„Штедете немојте да јадете! – изјави Бахиљ, откако новинарите го прашаа како граѓаните ќе можат да го преживеат најавеното поскапување. Неговата изјава во вторникот дојде ден по состанокот со директорот на БХ Гас, а беше снимена од камерите. Премиерот на Владата БиХ, Нермин Никшиќ веднаш реагираше и најави дека поради ваквата изјава, тој ќе заработи „црвен картон“.
„Изјавата на министерот е без никаква можност да се исправи. Дури и кога се зборува во шала, изјави Никшиќ, кој од Бахиљ очекува да си поднесе оставка, или ќе биде принуден да го смени.
Бахиљ пак тврди дека новинарите, неговата изјава ја извадиле од контекст.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1