Отишол на лекар заради болка во стомакот и открил дека е жена


Женет маж од кинеската провинција Џеданг заминал на лекарски преглед заради болки во стомакот и крв во урината. На обострано изненадување, открил дека има месечен циклус.

Чен (44)  знаел дека нешто не е во ред бидејќи со денови чувствувал замор, лицето и нозете му отекувале, а на крајот се појавила и крв во урината па одлучил да оди кај лекар на преглед.

496651_manhavingperiod_ffКога му направиле комплетен скенер, видел нешто што не можел ниту да го помисли, сфатил дека има матка и јајчници.

Анализата покажала дека овој несреќен Кинез има два Х хромозоми, што значи дека генетски е, всушност, жена. Откриено е и тоа дека поради генетско нарушување има тумор на надбрубрежните жлезди, поради кој тие му отекуваат и влијаат на интензивирано лачење на машки хормони.

Во болницата, која го правела испитувањето, велат дека во прв момент помислиле дека Чен е жена која се претставува како маж, а дури со детален преглед сфатиле дека тој има Адамово јаболко, како и дека неговиот полов орган се разликува од другите.

Чен тврди дека со сопругата има нормален сексуален живот, но не му веруваат. Терапијата која би го вратила во неговиот „нормален“ пол, поради годините, не  е возможна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1