Откопани гробови во Велес – Крадци на злато трагаат по скапоцености од покојните


Завчера попладне, околу 16 и 30 часот, на гробиштата одржувачите на гробни парцели откриле и пријавиле дека е раскопан гроб кој се наоѓа позади црквата, поточно во делот кој гледа кон фабриката за крзнени производи. Во него била закопана велешанката Младенка З, пишува Дума.мк.

Триесеттина минути подоцна на лице место стигнала и полицијата.

crkva-sveti-spas-2fin1397648902_thumb_medium490_0Велешани кои вчера попладне се затекнале таму раскажаа дека има раскопано гроб поради златни предмети кои на себе ги имал упокоениот. Во тоа се посомневале и граѓаните и одржувачите на јавното комунално претпријатие кои се ангажирани за чување на гробиштата.

Од  велешката полиција денеска велат дека станува збор за еден раскопан гроб, во период помеѓу 7-ми и 15-ти април, и за една сршена надгробна плоча. Полициска екипа направила увид на лице место и се бара раскопувачот на гробот.

Тоа го констатирала и интерната контрола на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ како и дека станува збор за гроб во кој е закопан човек кој починал пред девет години. Сега очекуваат полицијата да расветли за што станува збор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1