Откриен идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено во шахта во Сопиште


Откриен е идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено во фаза на распаѓање во шахта во скопското село Сопиште, во ноември минатата година.

Како што соопшти МВР, во врска со настанот објавен во билтен од 07.11.2017, за пронајдено човечко тело во канализациска шахта на локацијата „Сончев град“, село Сопиште, по завршените истражни и обдукциски активности констатирано е дека се работи за лицето З.П. (58) од Скопје, кој претходно е пријавен за исчезнат.

Телото било пронајдено при изведување градежни работи на локацијата „Сончев град“ во село Сопиште.

Според завршените наоди, констатирано е дека на телото немало никакви знаци на насилство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1