Откриен идентитетот на терористите од Бостон – таткото вели синот му бил ангел (Фото/Видео)


bombas

Станува збор за двајца браќа од Чеченија, кои биле легално и со престој во САД.

Осомничениот којшто вчера беше убиен во полициска акција е идентификуван како Тамерлан Царнаев, 26, а неговиот брат кој се уште е во бегство е Џокар Царнаев, 19. Според информациите еден од нив бил дури и студент со стипендиоја од 2500 долари на Cambridge Rindge & Latin School.

Илјадници полицајци се во потера, обидувајќи се да го фатат и вториот осомничен, којшто на сликите и снимките објавени од полицијата носи бела капа и наводно поминал воена обука.

Полицијата изјави дека тој е опасен и ги предупреди граѓаните да избегнуваат секаков контакт со сомнителни лица и да не отвораат врата никому.

Таткото на момчињата вели се сомнева дека неговите синови се вмешани – вели дека неговиот помлад син бил вистински ангел. Државниот универзитет во Дартмут во американската сојузна држава Масачусетс, го затвори попладнево својот кампус и ги евакуира студентите. Евакуацијата следеше откако претходно беше потврдено дека таму се крие осомничениот

bombas2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1