Откриена планета создадена од дијаманти !!!


Астронаути откриле планета двојно поголема од Земјата создадена од дијаманти!
Астронаутите открија огромна планета во целост составена од дијаманти кои орбитираат околу ѕвездите видливи со голо око.

Ова небесно тело, наречено „55 Cancri e“, е со двапати поголем обем од планетата Земја и кружи околу ѕвездите слични на нашето Сонце, а одалечена е 40 светлосни години, во соѕвездието Рак.

Дијамантската планета, која ја откри американски-француски истражувачки тим, се движи со огромна брзина така што една година на неа трае само 18 часа.

Новоткриената планета има два пати поголем радиус и со оглед дека е доста густа, има осум пати поголема маса од Земја. Станува збор за жешка планета, чија температура на површината достигнува до 1,648 степени Целзиусови.

Површината на планетата е прекриена со графит и дијаманти наместо вода и гранит изјави за Ројтерс, Нико Мадхусудан, истражител од Јел, чија студија ќе биде објавена во астрофизички весник.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1