Откриена причината за смртта на 33 годишниот штипјанец


Последните информации говорат дека бродот со посмртните останки на штипјанецот плови кон Шри Ланка, каде ќе се изврши обдукција на телото на починатиот.

Инфаркт е причината за смртта на 33 годишниот штипјанец. Трагедијата се случила на отворено море, информираат за Канал пет, надлежните од МНР.angel

Ангел бил работно ангажиран во службата за обезбедување на бродот. Во критичниот момент, бил на стража, кога неговите колеги по воки токи го повикале дека му доаѓа смена, но не добиле одговор. Кога отишле на местото каде штипјанецот си ја извршувал должноста го виделе паднат. Тројцата македонци кои биле со него, експресно пристапиле кон негова реанимација.

Половина час траела борбата да се спаси Ангел, но за жал без успех.

ХГС Кореа од Јужна Кореја, е компанијата што работно го ангажирала Ангел и уште тројца Македонци. Компанијата се занимава со поморски транспорт на стоки. Ангел работел на еден од нејзините товарни бродови на редовната линија Дубаи – Шри Ланка.

Последните информации говорат дека бродот со посмртните останки на штипјанецот плови кон Шри Ланка, каде ќе се изврши обдукција на телото на починатиот.

Веднаш потоа ке се пристапи кон транспорт на починатиот за Македонија. Во ова ќе помогне и македонското дипломатско преставништво во Њу Делхи – Индија. Ангел А. беше семеен човек, оженет, татко на едно дете …

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1