Откриено кинеско растение кое за 40 дена го убива ракот


Научниците открија дека не многу познато растение, со навистина бизарно име е неверојатен убиец на ракот. Растението било тестирано на глувците кои имале рак на панкреасот. За само 40 дена немало веќе никакви траги од ракот во овие животни.

Научниците задолжени за експериментот сега се надеваат дека ќе добијат пари истражувањето да го спроведат на луѓе.

Растението со име „thunder god vine“ или lei gong teng, се употребува многу одамна во Кинеската медицина за лекување на голем број болести, вклучувајќи го и ревматоиден артритис.

Според најновите истражувања од University of Minnesota’s Masonic Cancer Center, со користењето на ова растение, после 40 дена организмот не покажува никакви знаци на тумор – дури и кога ќе се прекине терапијата. Истражувањата за ова чудо од тревка, како што го нарекле, се промовирани во списанието Science Translational Medicine

Научниците сметаат дека ова растение е толку ефикасно бидејќи содржи голема количина триптолиди, кое и во претходните истражувања беше идентификувано како состојка – борец против ракот.

Научниците велат лекот во ракот е во билки кои се знаат со години, но како и ѓумбирот така и ова ново откритие се бесплатни во споредба со скапите и опасните лекови за ракот, и компаниите немаат интерес да вложуваат во истражувања за нив.

Но, иако ова растение е навистина евтино, веќе некои научници инволвирани во истражувањето, се обидуваат да направат лек од ова растение којшто би го добил одобрувањето од FDA, нона тој начин – лекот ќе биде патентиран и продаван за голема сума на пари.

Извор – Линк

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Откриено кинеско растение кое за 40 дена го убива ракот”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.