Откриено зошто се разведува – Остров или балерина го растури бракот на Абрамович и Даша ?


50 годишниот Роман Абрамович одлучил да се разведе од својата 36 годишна сопруга Даша Жукова после 10 години брак. Се зборува дека таа може да добие околу 300 милиони долари.

Во последно време рускиот милијардер често го гледале без сопругата, а сега е откриено зошто одлучиле да тргнат на овој чекор. Проблемите во бракот ги предизвикал остров.

Имено, од островот Њу Холанд кој се наоѓа во Санкт Петерсбург планирале да направат туристичка атракција. Роман сакал од него да направи „мини Европа“, а идејата на Даша била тоа биде „нова Ибица“.

-Таа мечтаеше за модерна верзија на туризам, големо отворено диско како на Ибица, но реализирана е идејата на Роман за ресторани, убави продавници и место направено по европската историја, раскажува пријател близок на парот.

Кавгите станале се почести, а врвот го доживеале пред пола година. Роман и Даша од тогаш не живеат заедно.

Непосредно пред да го потврдат разводот, руските медиуми се распишаа дека на Абрамович „фрлил око“ на 41-годишната балерина Диана Вишњева која во моментот е со својот сопруг во Лондон, бидејќи ја глуми Ана Каренина со балетскиот ансамбл „Марински театар“ во Кралската оперска куќа.

Интересно е дека Абрамович е голем љубител на балетот и дека е донатор на прославениот руски театар „Бољшој“. Во светот на балетот го вовела токму Даша Жукова, наскоро неговата бивша сопруга и голем почитувач на уметноста.

Убавата Диана во неделата била на натпреварот на неговиот клуб Челзи со навивачки шал околу вратот што било доволно да ги поттикнат гласините.

Балерината, руските медиуми, првпат ја поврзаа со Абрамович пред три години, но нејзиниот татко и Роман ги негираа наводите. Луѓе блиски на Абрамович ги отфрлија озборувањата како „целосна бесмислица“, посебно затоа што не постојат никакви докази. Портпаролот на Абрамович одби да ја коментира оваа ситуација и причините за разводот велејќи: „Дури и да ги знам причините за разводот, тоа не е ничија работа, освен нивна.“

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1