Отворени 23 – те Зимски олимписки игри


Денеска напладне во ПјонгЧанг – Јужна Кореја се отворија 23 – те Зимски олимписки игри, на кои се очекува да бидат постигнати многу рекорди, а желбата на организаторот е овие игри да се запаметат како игри на мирот и хармонијата. ЗОИ во ПјонгЧанг се првите на кои ќе учествуваат спортисти од повеќе од 90 земји и на кои ќе има шест земји дебитанти. Најголем број спортисти имаат САД кои ќе се натпреваруваат со 242 атлети. На овие игри меѓу акредитираните спортисти се забележува разлика во генерациите од 36 години. На олимпијадата ќе настапуваат и спортисти родени во 2002 година.

Македонија на 23 – те ЗОИ ќе учествува со три спортисти, од кои двајца дебитанти, Ставре Јада во крос кантри и Викторија Тодоровска во алпски дисциплини. Тројцата македонски олимпијци имаат скромни очекувања од овие игри. Македонија на ЗОИ дебитираше во 1998 година во Нагано, Јапонија.

По дебитирањето на Летните олимписки игри во Рио во 2016, Косово ќе дебитира и на ЗОИ. ЛОИ беа успешни за Косово поради златниот медал на Мајлинда Келменди во џудо, но на ова олимпијада, речиси не постојат никакви шанси Косово да стигне до медал. Косово на овие игри ќе го претставува само скијачот Албин Тахири, а тоа што паѓа во очи е неговата придружба од 16 официјални лица.

Албанската експедиција во ПјонгЧанг има само двајца спортисти и тоа, Ерјон Тола и Суела Мехили кои ќе се натпреваруваат во скијање во алпска дисциплина. За Албанија ова се четврти ЗОИ. На минатите три олимпијади, албанските спортисти беа далеку од медали, а ова се очекува и на ова олимпијада.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1