Ова е монструмот кој го возел смртоносното комби во Барселона


Истражителите веруваат дека Мароканецот Јунес Абујакуб (22), по кого трага полицијата, бил возач на комбито кое влета меѓу луѓе на шеталиштето во Барселона, соопшти денеска каталонскиот функционер Јоаким Форн.

Тој појасни дека сите докази упатуваат на тоа дека тој бил возачот и најави дека денеска ќе соопштат зошто дошле до тој заклучок.

Форн посочи дека во текот на изминатата ноќ полицијата спровела повеќе рации во каталонскиот град Рипол, каде живеат повеќето осомничени.

Останатите осомничени, за кои се веруваше дека се дел од 12-члена келија, уапсени се, убиени од страна на полицијата или настрадале во експлозија во една куќа во Каталонија, која се случи ден пред нападот со комби, во четвртокот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1