Ова се 55 највлијателни жени во Македонија


Списанието “Теа Модерна” најтиражниот неделник во Македонија, во своето последно издание направи избор на 55 жени од Македонија кои во годината што е зад нас го заслужуваат епитетот-највлијателни во различни сфери во животот. 0-02-05-d5b6a6585b42122aed3c3c615aaffc36e4095f026b358e8d13933355e4acbcf2_full

На листата се бизнисменки, лекари, професорки, спортистки, новинарки, уметници … Сите жени кои средината  ги препознава како влијателни, како жени кои преку сопствената ангажираност, или иновации, имаат моќ да ги придвижат нештата, да предизвикаат промени. Комплетната листа на најуспешни жени може да ја видите во списанието Теа Модерна, овде ќе издвоиме само мал дел …

Меѓу 55 -те највлијателни жени е и уредничката Анита Петровска Рајковиќ која е Уредник и сопственик на неколку портали во Македонија и уредник во Тв Нова и анкер на вестите и дебатите. Таа покажа што е професионалност со целовечерното известување во живо при воениот удар во Турција, при серијата земјотреси заедно со својот тим докажа голема присебност и посветеност во моментите на паника и вознемиреност и ги долови буквално сите можни информации.Известуваше во живо и од Америка за претседателските избори каде победи Доналд Трамп.

Анита Петровска Рајковиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Мартина Димовска инжинер и инвентор најмладата Македонка која има свој патент, најмладиот НАСА ментор!најуспешната студентка на насоката за нанотехнологии на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и е добитник на многу награди и признанија и на ова поле.martina

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Младата тетовчанка Лина Ѓорческа во моментов е на 277 место во светот на тенисот, а најавува и нови успеси и скок на ВТА ранкингот. 21 годишната тенисерка е студент на меѓународни комуникации и дипломатија на Универзитетот ЈИЕУ во Скопје

Драгана Чифлиганец, извршен директор на градежната компанија Адора Инженеринг е добитник на признанието „ ДАМА во градежништвото“, за посебен придонес во градежништвото и уривање на стереотипите – Успешна жена во се’ уште машкиот свет

Весела Богдановиќ- наставничка од милион долари – учитлката од Битола прогласена за една од најиновативните светски едукатори -прогласена за еден од 50-те најдобри наставници во светот, во конкуренција на илјадници нејзини колеги. 0-02-05-2c30ed40b96763cdd7e29791449c74a79c4a58b5008fa79f633beca46d52530a_full

Асмира Кочан, извршна директорка во „Трансмет“менаџер на годината – Жена што секогаш има позитивна енергија, со борбен и ведар дух, голем оптимист, насмеана и секогаш тука за да помогне и „машки“ да се соочи со проблемот и да се решат сите предизвици.

Ленче Здравкин: Хероина на нашето време! Велешанката Ленче Здравкин која уште со првиот бран на мигранти несебично го отвори својот дом и им пружи помош на бегалците, за нив но и за македонската јавност стана вистински синоним за хуманост.

Ана Кондратенко е виолинистка, која љубовта ја донела во Македонија. Родена Русинка, од Новосибирск, музиката ќе ја однесе во Германија, каде што ќе се запознае со нејзиниот сегашен сопруг од Македонија, Олег

Искра Ветаџокоска-Муцунска, управителка и косопственичка на „Виталија“ – Дваесетгодишното присуство на пазарот, не само во Македонија, туку и низ целиот Балкан, денес ја прави најголема компанија за здрава храна во Македонија.

На листата се и бизнисменките –  Ана Јаневска директорка на Аутомобиле СК,  маркетинг директорката на Шпаркасе Банка Тодорка Сајкова,  Валентина Дисоска претседателка на здружението на бизнис жени,  Тања Антиќ сосптвеничка на Фешн Груп, Данела Арсовска претседател на сојузот на стопански комори, Полексена Јанкуловска маркетинг менаџер Бимилк, Елена Пандева раководи со модната куќа Елена Лука, …

Лекари, Професори и истражувачи – Др Дијана Плашеска Каранфилска истражувач раководител на лабараторијата за генетско инжинерство при МАНУ, Др Гордана Баџакова педијатар пулмолог…

Уметници – Лабина Митевска режисер, Рисима Рисимкин кореограф, Бисера Чадловска диригент, Дороти Пачкова сликарка, Елена Мисиркова Лоза пијанистка, примабалерината Александра Мијалкова, …

Активисти –   Дина Муцунска поборник за здрав живот, Јулијана Накова Гапо директорка на Детско село, Ана Голејшка, Снежана Ангеловска основач на ,,Ангелчиња,, …

Естрада – Калиопи Букле, Тијана Тодевска Дапчевиќ, пејачката Каролина Гочева….

Комплетната листа на најуспешни жени може да ја видите во списанието Теа Модерна

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1