Ова се близначињата за чие убиство се гони нивниот татко, Почесен конзул на Македонија


За убиството на двете тригодишни близначиња во Јужна Африка, осомничен е нивниот татко кој е каталонски забар, македонски почесен конзул во Шпанија. Неговото име е Марио Сезар Деус Јела, во моментот под полициска заштита е во болница во Јужноафриканската република, откако со нож се повредил, а неговиот адвокат вели дека се обидел да изврши самоубиство. Портпаролот на полицијата во Кејптаун Андре Траут за Телма даде детали за случајот од пред 3 дена.bliznacinja konzul

– Околностите на смртта на три-годишните близнаци, момче и девојче се истражуваат откако мајката ги открила телата на своите деца во вила за одмор во областа Хаутбеј. По нејзиното доаѓање, 48-годишниот татко избегал со нејзиното возило, но набргу е упасен. На осомничениот му е закажано судско сослушување на 19-ти април поради две кривични дела- убиство и кражба на возило. Сослушувањето ќе биде извршено по неговото отпуштање од болница каде се лекува од повреди. Во тек е утврдување на точната причина за смртта на децата, ни изјави Андре Траут од Јужноафриканската полиција.

Уапсениот 48-годишен Марио Сезар Деус Јела е почесен конзул на Македонија во Барселона. По професија е стоматолог. Од МНР велат дека побарале верификација на објавените информации од амбасадата во Шпанија и од надлежните институции во Мадрид.

-По добивање на соодветни информации ќе бидат разгледани опциите за одземање односно за задржување на неговиот (Марио Деус) статус –Почесен конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, соопштија од МНР.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1