Ова се најбогатите земји во светот – по природни богатства


Во 21 век во светот се појавија нови сили на забрзан економски и технолошки развој, при што како стратешка предност се повеќе до израз доаѓаат природните богатства со кои располагаат поедини држави.

Очекувано меѓу највредните ресурси и понатаму се сметаат нафтата и плинот, но се зависи од количината и можностите за нивен транспорт.
Интересно на вавкиот список нема ниту една држава од Африка и Европа, со исклучок на Русија, чии што најголем дел на резерви, се наоѓаат на азиско тло.
Интересно е и тоа што, голем дел од овие земји, се во постојан конфликт со САД, која е светска велесила, но исто така полека го губи тој статус, со неможноста да има контрола како на економски така и на политички план, над нејзините конкуренти.
Еве ја листата на која се наоѓаат десетте држави, со вредносните суми, на своите природни извори, кои што во моментов се најбарани на светскиот пазар.

10. ВЕНЕЦУЕЛА (14,3 трилиони американски долари)

Една од двете јужноамерикански држави на оваа листа и една од четирите со кои Соединетите Американски Држави имаат лоши, а понекогаш и отворени воени односи во последните 30 години. Венецуела влегува во десетте водечки земји кои поседуваат железо, плин и нафта. На моменталните милијарди нафтени резерви, треба да се додадат и капацитетот на новите пронаоѓалишта, кој би му овозможиле на државата на Чавез, да се најде на шестото место на светската нафтена скала.

9. ИРАК (15,9 трилиони американски долари)

Оваа анализа наведува дека Ирак во моментов лежи на 115 милијарди барели нафта. Оваа бројка го покажува износот на девет проценти од светските резерви, но голем дел од нив не е достапен за користење, затоа што се наоѓа во курдските етнополитички подрачја, кои се во напнати односи со централната власт на Багдад. Една од потенцијалните гранки на ирачката рудна индустрија, во иднина би можеле да бидат фосфатните карпи, на кои што Ирак досега малку работел, за разлика на пример од Канада.

8. АВСТРАЛИЈА (19,9 трилиони американски долари)

Најмалиот контингент на светот поседува дури 14,3 посто од светските резрви на количество на злато. Гледано во светски рамки, Австралија поседува 46 посто од резервите на уран. Во северозападните мориња на Австралија се вади земјен плин, а овој природен резервоар се дели со Индонезија.

7. БРАЗИЛ (21,8 трилиони американски долари)

Освен големите дрвни потенцијали (кој за жал се трошат со уништување на Амазонската прашума), Бразил се наоѓа блиску до врвот, благодарение на златото, уранот и железната руда, со која учествува со 17 проценти на светските пазари.

6. КИНА (23 трилиони американски долари)

Земјата која го превземува светскиот економски примат, нешто што ги вознемири западните земји, не влегува во топ 10 по резервите на фосилните горива (нафтата и земјениот плин). Но, во трката со западот, во 21 век, Кина сепак е богата со ретки минерали кои во блиска иднина би можеле да станат неопходни за новата технологија (од електрични автомобили до софистицирано оружје). Неодамна се откриени и нови извори на плин, така што на овој список во блиска иднина се очекува значителен напредок.

5. ИРАН (27,3 трилиони американски долари)

Под својата територија Исламската Република држи околу десетина светски извори на нафта, но, поради конфликтот со САД, меѓународната изолација и одбивањето да прекине со својот програм за развој на нуклеарна технологија, оваа држава има проблем со излегувањето на меѓународниот пазар. Во персискиот залив заедно со Катар ја делат Северната купола/Јужен Парс – најголемиот светски извор на земјен плин.

4. КАНАДА (33,2 трилиони американски долари)

Оваа перспективна, слабо населена, а голема северноамериканска држава, во последните години не беше ни блиску до врвот на оваа листа, се додека во Алберти не беше откриено наоѓалиште на нафта – кое што подоцна ги подигна проценктие за вкупното светско количество на нафта на 178,1 милијарди барели.
Канада има голем потенцијал и во дрвната индустрија, ураниумот како втор докажан светски ресурс, а исто така државата е еден од водечките светски снабдувачи на фосфат.

3. САУДИСКА АРАБИЈА (34,4 трилиони американски долари)

Кралската династија располага со готово 20 посто од светските резерви на нафта, а се наоѓа на петтото место по светските резерви на плин. Долгогодишен проблем е тоа што оваа држава не го прошири својот економски развој, па се очекува оваа пустинска држава во иднина, со самото трошење на своите резерви и да паѓа на оваа листа.

2. САД (45 трилиони американски долари)

Дури 31,2 проценти од резервите на светските ресурси се наоѓаат на територијата на САД. Располага со 750 милини хектари шумско земјиште, а се наоѓа и во светските топ 5 по изворите на бакар, злато и земјен плин.

1. Русија (75,7 трилиони американски долари)

Убедливо најголемата држава на светот (1/9 од светската земјена површина), располага со најголем процент на природни богатства. Прва е во светот по залихите на земјен плин, и дрвната индутрија, втора по количината на јаглен која што ја поседува и трета по изворите на злато. Се наоаѓа и на врвот по пронајдените извори на нафта во светот. Може да стане и убедливо најголема во областа на рударството ако се остварат плановите на Москва, во арктичкиот океан, чиј што лед во последните неколку години значително се топи. Значително располага и со минерли кои што во иднина би можеле да се користат во технологијата, а се проценува дека по Кина се наоѓа на второто место со резерви на минерали.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1