Ова се приведените за настаните од 27. април – пратеници, глумци, организаторите на протестите „За заедничка Македонија“


МВР денеска го приведе поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков, за настаните во Собранието на република Македонија, на 27 април.

Приведени се и Митко Пешев, поранешен началник на одделението за специјални полициски операции, и на Душко Лазаров, началник во секторот за Јавен ред и мир.

Приведени се и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, а по Богдан Илиевски се уште се трага.

Приведен утринава е и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов од Македонско патриотско здружение „Андон Јанев – Ќосето“ од Велес, пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, , една пратеничка, поранешниот директор на ФЗОМ, Сашo Стефановски, и други.

Приведен е и Игор Дурловски.Тие се гонат според член 313 од кривичниот законик, според кој тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка.

По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.

 

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1