Ова се црните точки во Македонија, тука најмногу се гине


Државјанка на Србија (61) загина во саботата во судар на два автомобили меѓу местото Удово и Марвинци кај Гевгелија. Токму ова место е црна точка на патот до Грција низ Македонија и не мал број Срби токму кај ова мало гратче ан границата го загубија животот во сообраќајки. Еве како српските експерти објаснуваат, а за тоа највиновен е заморот.

Години наназад во летната сезона стигнуваат вести за незгодите во кои учествувале државјани на Србија кај Гевгелија во Македонија. Македонската полиција предупредува дека од година во година на автопатот Скопје – Гевгелија се почести се сообраќајки во кои учествуаат граѓани на Србија и неретко се со смртен исход.

-Низ цела Македонија постојат делници кои се проблематични. На пример на автопат на кој ограничување е 130, патот е нерамен и реално е неудобно да се вози побрзо од 80 км на час. Треба да се внимава и на работите на пат, кои не се добро обележани, а тука се и делниците кои не се завршени, соопшти Дамир Окановиќ, директор на Комитетот за безбедност во сообраќајот.

Делниците кај Гевгелија, како што велат стручњаците за сообраќај, не се ништо полоши од остатокот на сообраќајниците во Македонија, но како што велат токму на тоа место, близу границата, опаѓа концентрацијата и надвладува заморот.

-Тоа ви е како и на местото Дромине кај Кањонот на Морача во Црна Гора. Вие тука практично сте излегле од кањонот и луѓето тука се опуштаат зошто мислат дека најлошото го поминале и тогаш доаѓа до фатални сообраќајки. Слично е и со Гевгелија. Постојат критични точки каде доаѓа до замор, а ова место е токму такво. Близу е границата и тука луѓето влегуваат во непромислено претекнување. Исто така во претпладневните часови -сонцето ниско паѓа и видливоста на возачите со самото тоа е намалена, вели Мирко Алвировиќ, уредник на популарната емисија САТ.

Тој додава дека на тој потег речиси и да не постои место каде може возачите да запрат и да одморат, и токму поради овие фактори на ризик, на пат треба да тргнат одморени или да испланираат каде по пат ќе застанат и ќе отспијат.

Загина семејство на свештеник

Протоерејот Радивој Паниќ, старешина на Храмот Свети Сава ја загуби сопругата и двете деца на возраст од 18 и 10 години кога пред три години тргна да служи литургија во манастир во регионот на Олимп. Паниќ возел а неговата сопруга била на совозачкото седиште, додека децата на задните седишта од „реното меган“.

Околу 7 часот, во селото Прдејци, на патот од Демир Капија кон Гевгелија, недалеку од македонско – грчката граница загубил контрола над возилото. Реното удрило во задниот дел од „фиат добло“ со гевгелиски таблички, потоа се одбило и удрило во метален столб. Жената загинала на самото место, а децата биле тешко повредени, но починале на во болницата во Гевгелија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1