Видео клип циркулира на интернет и ја потресе светската јавност. На него се гледа застрашувачко тепање и малтретирање на децата во руски дом за сираци. Лицето кое го направило видеото, остана анонимен, но снимката ја доставил до Руските министерства и ја постави на интернет.
На снимката може да се види како жена, најверојатно, воспитувачка во домот ги тепа децата удирајќи со ремен, шлаканици, клоци додека децата вриштат поредени до ѕидот.
Таа очигледно се забавува што дечињата плачат и молат па и се смее на целиот глас. пред расплаканите деца. Оние кои ,,претивко и плачат и викаат,, ги удира посилно и посилно се додека децата не вриштат од болка.
Една жена која е наставничка во интернатот изјавила дека често се слушал плачот на децата и дека пријавувала неколкупати но немало никаква реакција од институциите.
Сибирскиот министер за образование Марина Целиух изјавила дека оваа страшна злоупотреба во домот е поради недостатокот на контрола од страна на раководителот на институцијата и најави остри санкции.
15 Responses to “Ова видео ќе ве разбесни: Воспитачка во дом за сирачиња брутално ги тепа децата едно по едно”