Оваа опрема мора да ја имате во автомобилот ако не сакате казна


Согласно правилникот од страна на министерството за внатрешни работи како  задолжителна опрема на возилото и велосипедот  за безбедно учество во сообраќајот на патиштата е пропишано следното:

1) резервно тркало;

2) противпожарен апарат за гасење пожар;

Патнички моторни возила може да имаат противпожарен апарат за гасење на пожар (што значи дека не е задолжително за патничките моторни возила).Screenshot_27

3) знак за означување запрено возило на коловоз – сигурносен триаголник;

Знакот  има облик на рамностран тријаголник, со рабови во црвена   боја   чија   должина    изнесува 40 cm,      а  широчина   најмалку    пет cm.  Рабовите   на знакот    треба  да  бидат обележани  со рефлектирачка  материја или со црвена катадиоптерска  оптика  во  широчина  од  најмалку  два cm, или изработени така  што  да  можат по целата должина да се осветлат со сопствен извор на светлина.

Знакот  треба да биде изработен од  цврст материјал  и на начин што му овозможува да стои стабилно во вертикална положба

4) опрема за укажување прва помош (кутија за прва помош);

5) јаже, сајла или телескопски лост за влек;

Во  патничките  моторни  возила  треба   да   има  на  видно  место  јаже,  сајла   или телескопски лост за влечење

6) зимска опрема;

Како  зимска  опрема  на моторни    возила   со  најголема дозволена  маса која   не надминува 3.500 kg се подразбира:

– зимски пневматици на сите   тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири  за  снег со   адекватна големина   за погонските   тркала или  други соодветни помагала.

Како  зимска  опрема  за  моторни  возилата  со  погона  на четири  тркала (4 х 4) се подразбира:

– зимски пневматици на сите   тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина,  од шест mm.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. Ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

7) сигурносен-рефлектирачки елек;

Сигурносен-рефлектирачки елек кој возачот треба го користи –   облече  кога   во  темнина  го  напушта  своето  возило,  кога   на  пат надвор  од населено место или автопат врши некоја работа покрај возилото (менува тркало, обавува помали поправки на возилото, ако налева гориво кога останал  без гориво, бара помош на пат  и запира други     возила   и др.). Сигурносниот –     рефлектирачки елек     е со жолта   боја  и прилагоден по  ЕN-471 стандардот за видливост на облеката за предупредување на големо растојание.

8) сигурносни појаси и наслони за глава;

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1