Оваа венчаница ја крие најтажната приказна!


Една венчаница се појави на сајтот за продажба на облека „eBay“, но тоа не е обичен фустан – ги симболизира урнатите соништа, неисполнетите очекувања и личи на тажен потсетник на тоа што можело да биде, а не се случило.

„Отфрлениот фустан кој копнее по вечна љубов и венчавка“, со овие зборови е опишана причината за продажба на венчаницата.0owpgerplhgptylju

Кога дизајнерката Диана вон Фурстенберг го креирала фустанот од тантела веројатно размислувала за насмевки, венчавка и љубов.

Овој фустан го одбрала една девојка за да во стилот на 60-тите години биде главната ѕбвезда на венчавка во Њујорк. Сето тоа што се случило по таа желба, оваа поранешна невеста ја напишала во писмо. На купувачите не им се обраќа таа, туку фустанот. А, преку секој збор може да се почуствува тага.

„Мислев дека сум фустан кој ќе измами насмевка, и беше во право. Кога ме доби, ме чуваше во кутија за да не ме оштети“, пишува во писмото.

„Потоа тие двајца се разделија. Ме чуваше во кутија затоа што не можеше да ме гледа. Постојано ја потсетував на тоа што можеше да се случи. И сега ме продава. Не мора да ме купи некоја невеста, тоа може да го направи кој било, за да добијам дом што го заслужувам, пишува во писмото.“

Фустанот самиот себе „се испофалил“:

„Јас сум од лимитирана колекција и првпат излегов од кутијата поради ова фотографирање. Кој би купил фустан во кутија?“

Венчаницата одвај чека некој да ја облече!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1