Овие професии се со висока плата – а за нив не е потребен факултет


Постојат професии кои се барани и добро платени, а за кои е доволно само средно образование. Yahoo Finance издвои неколку:

Занаети

Електричар или водоинсталатер се секогаш барани занимања.

pari„За овие работи никогаш нема да ви треба компјутер, нема да имате конкуренција која ќе се појави од друга земја. Тоа се предностите на занаетите“, вели Кејти Бардаро, директор за аналитика во специјализиранито портал PayScale.co.

Здравствени работници

„Оваа индустрија е преголема, а станува уште позначајна заради стареењето на населението како и заради зголемената побарувачка за здравствените услуги во иднина”, вели Бардаро.

Се очекува дека здравствениот сектор во иднина ќе има голема потреба од работна сила. Анализите покажуваат дека бројот на медицинските техничари специјализирани за ултразвук до 2020 ќе се зголеми за 44%.

Лични тренери

Ако сте спортски тип, размислете за кариера на личен тренер. Многумина денеска се подготвени да дадат пари за да вежбаат со личен тренер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1