Пакувајте куфери и дома – Трамп отпушти 80 амбасадори


Со инаугурацијата новиот американски претседател Доналд Трамп ослободи 80 американски амбасадори во светот, а во моментов нема никаква јасност со кого ќе ги замени, пишува британскиот весник “. Индпидендент”.

Од екипата на Доналд Трамп уште на 23 декември најавија дека за дипломатите нема да има исклучоци и апсолутно сите американски претставници во странски држави, меѓународни организации ќе треба да поднесат оставка до средината на вчерашниот ден.tramp

“Индипендент” истакнува дека е вообичаено една нова администрација да ги менува политичките назначувања, но обично го презема овој чекор кога има јасни заменици. Случајот со Трамп не е таков.

За момент се знае само дека гувернерот на Јужна Каролина Ники Хејли оди во ОН, неговиот колега од Ајова Тери Бранстад – во Кина, а адвокатот Дејвид Фридман – во Израел. Последниот е познат по исклучително конзервативната политика и со поддршка за идејата амбасадата на САД да се пресели во Ерусалим – потег кој силно би ја отежнало евентуалната поделба на израелските од палестинските територии.

За сите останати држави во моментов владее нејасност. Назначувањето на секој амбасадор поминува низ долга процедура во Конгресот, па дури и да се појават нови и конкретни имиња, нема да има толкуу брзо тие да заминат на мандат.

Според таблоидот “Њујорк Пост” првата жена на Доналд Трамп Ивана коментира дека би станала амбасадор во Чешка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1