ПАНИКА: Еврото најслабо во 11 години


На повеќето азиски берзи цените на акциите во четвртокот паднаа, како и на Волстрит во средата, додека курсот на еврото во однос на американскиот долар потона на најниското ниво во 11 години пред седницата на Европската централна банка (ECB).

На берзата во Токио индексот Nikkei во претпладневните часови по средноевропско време беше во плус за 0,2 отсто, а благ раст на цените на акциите беше регистриран и во Јужна Кореја и во Австралија. Меѓутоа во Сингапур, Хонгконг и Шангај берзанските индекси паднаа меѓу 0,2 и 1,3 отсто, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус од 0,4 отсто.Hand holding a 100 euro bill; including a clipping path

Лошо на азиските пазари влијаеше падот на цените на акциите на Волстрит во средата, втор ден по ред, што е последица на претпазливоста на инвеститорите пред објавувањето на макроекономските показатели кои ќе покажат дали забавува или и натаму расте американската економија. Најважен ќе биде извештајот за вработеноста во САД кој треба да биде објавен во петок, што има значително влијание врз пазарите бидејќи ги поттикнува шпекулациите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ги зголеми каматите кон половината или кон крајот од годината. Аналитичарите предвидуваат дека во февруари имало за 20.000 вработувања помалку отколку во јануари.

Најмногу во четвртокот претпладне по европско време, за повеќе од 1 отсто, паднаа цените на акциите на берзите во Шангај и Хонгконг. Тоа е последица на објавата на кинеската влада од четвртокот наутро дека за 2015 година планира раст на бруто домашниот производ (БДП) за околу 7 отсто, што би бил најмалиот раст во последните 24 година, но најави зголемување на државната потрошувачка за да ја поддржи домашната економија.

Поддршката на пазарите, пак, им дава лабавата монетарна политика, на низа централни банки, од Кина и Индија, до Канада, Австралија и еврозоната. Во фокусот на инвеститорите во четвртокот ќе биде седницата на Европската централна банка (ECB), а се очекува дека ќе објави дополнителни детални за програмата за купување на државните обврзници во износ од 1.100 милијарди евра во следните 18 месеци.

Во пресрет на оваа седница на ECB, на валутните пазари курсот на еврото во однос на американската валута падна на само 1,1055 долари, најниското ниво од септември 2003 година, додека во средата претпладнето изнесување 1,1175 долари.

„Програмата на ЕСВ за купување на обврзниците не би негативно влијаело врз еврото кога и Fed би го правела истото. Меѓутоа, не само што американската централна банка минатата година ја заврши програмата за купување на обврзниците, туку го планира и следниот потег, зголемување на клучните камати“, вели во анкетата на Reuters Кети Лиен, директорка во фондот „BK Asset Management“.

Поради јакнењето на доларот во однос на европската валута, неговиот индекс кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, достигна во четвртокот ново највисоко ниво во последните 11 години, од 96,114 поени. Притоа, во однос на јапонскиот јен цената на доларот порасна од 119,60 колку што чинеше во средата на 119,85 јени во четвртокот претпладне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1