Паника во Загреб: Бомба Детонирана на покрив на детска болница


Пиротехничари успешно уништиле експлозивна направа на покривот на Клиниката за детски болести во Загреб, јавуваат хрватски медиуми.

Експлозивната направа ја уништиле двајца пиротехничари во 13:45 и притоа немало повредени, ниту пак болницата е оштетена.

bomb squad ap f_1382103424_670x0„Експлозивните направи од овој тип се многу опасни и не можевме да ја отстраниме, бидејќи ќе експлодираше“ изјавиле од Антиексплозивната служба на хрватската полиција.

Полицијата подоцна известила дека станувало збор за таканаречено „ѕвонче“ од 1995 година кога Србите од Краина го нападнале Загреб со повеќецевни ракетни фрлачи од типот Оркан со касетна муниција.

При санацијата на покривот на Клиниката утринава била откриена заостанатата, неескплодирана експлозивна направа.

Полициските службеници го превериле местото, го обезбедиле и на крајот успешно ја детонирале експлозивната направа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1