Папата ја праша Меланија дали го храни Трамп со пица


Папата Франциско на сопругата на американскиот претседател Донад Трамп, Меланија на денешната средба во Апостолската палата и постави малку чудно прашање. Насмевнувајќи се папата ја праша првата дама на САД: Што му давате да јаде, пица?

Меланија се насмевна и одговори: Пица, да.

На денешната средба на папата и Трамп присуствуваа освен Меланија и неговата ќерка Иванка со сопругот Џаред Кушнер, инаку советник на Белата куќа за трговија и Блискиот Исток, советникот за национална безбеднопст на САД, Херберт Рејмонд Мекмастер, советничката Хоп Хикс, помошникот Ден Скавино и надбискупот Георг Генсвајн.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1