Папата знае за „нашите браќа“ во вселената – Викиликс открива


Од украдената електроска пошта може да се заклучи дека и во Ватикан знаат по нешто за животот на вонземјаните. Откако кон крајот на минатата недела Викиликс објави нова електронска пошта, наводно „отуѓена“ од Џон Подеста, прв човек на претседателската кампања на Хилари Клинтон, заедницата која верува во постоењето вонземјани, силно се возбуди поради неколкуте реченици што кон Подеста ги упатил Едгар Мичел. Астронаутот на вселенска мисија Аполо 14, наводно, недвосмислено навел дека е свесен за постоењето вонземјани, но истовремено наговестил дека за „нашите браќа“ во вселената знаат и во Ватикан.vikiliks-5

„Нашите ненасилни вонземјани ни помагаат да ја донесеме енергијата на Земјата на нулта точка и нема да толерираат какви било војни судири, како на Земјата, така и во вселената“, напишал Мичел во еден мејл, а во друг нареден мејл споменува дека колешката Тери Мансфилд требала да го информира Подеста за се што во Ватикан знаат за вонземјаните. Мичел упатил и неколку писма до Подеста, но не е познато дали овој му одговорил.

Едгар Мичел, кој почина пред неколку месеци, е шестиот човек кој стапнал на месечината, а во текот на својот живот неколкупати отворено зборувал за тоа како е убеден дека многубројни видени НЛО, навистина припаѓаат на посетителите од други планети. Тој во повеќе наврати ги обвинил влијателните светски влади дека ја кријат вистината од човештвото, а во една прилика дури рекол дека вонземјаните се заслужни што Студената војна не се претворила во Трета светска војна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1