Пациент испаднал од возило на Брза помош и починал


Еден пациент загинал кога испаднал од возило на Брза помош во населбата Џеп кај Владичин Хан.

Несреќата се случила синоќа околу 21 часот на магистралниот пат Врање-Лесковац.

До трагедијата дошло кога возилото на Брза помош тргнало да претекнува камион, но во тој момент му наишол автомобил од спротивниот правец. Со намера да го избегне автомобилот кој му доаѓал во пресрет, возачот на амбулантното возило наводно нагло свртел и удрил во банкината, при што пациентот испаднал од возилото и починал.

Несреќата создала и голем метеж на патот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1