Патување без пари – сајт за барање ,,џабе,, превоз


 

Неодамна во Србија се појави нов портал „Подели ги трошоците“, кој е наменет да им помогне на луѓето ширум светот, кои нудат или бараат превоз до одредена дестинација. Оваа интернет страница е единствена во Србија, која на сите потенцијални патници им овозможува да ги поделат трошоците на патувањето, со група на луѓе која во исто време сака да тргне во истата дестинација.


„Порталот им нуди на корисниците на едноставен начин да ги видат понудите, да побараат возење, или да постават свој оглас. Регистрираните корисници на оваа мрежа, имаат доста додатни функции и опции, што допринесуваат за подигање на довербата меѓу членовите, но, се остава и можност да нерегистрираните корисници постават свој оглас“, наведува директорот на порталот Драган Мијајловиќ.

На сите членови им се гарантира приватноста на податоците, а тие сами откриваат кои поединости за себе ќе се прикажуваат.
На сајтот постои и напредна опција на која може да се обележи дали сакате да се возите со пушачи, непушачи, женски особи или куќни миленичиња. На крајот на патувањето, возачот и совозачот се оценуваат еден со друг, со цел да се подигне довербата меѓу членовите на заедницата.
На сајтот постои и селекција која на корисниците им овозможува по поминати 1000 километри, од порталот, како награда да добијат дрво.

Ваков сајт има и во Македонија – Патувај заедно.мк

 

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

One Response to “Патување без пари – сајт за барање ,,џабе,, превоз”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.