Патувате за Србија? Ова мора да го знаете – еве што поскапе


Владата на Србија на седница на 30 декември одобри поскапување на патарината за околу 10 отсто, а новите цени ќе се применуваат од сабота, 7 јануари. Дотогаш на наплатните рампи ќе се применуваат старите цени.patarina

Владата согласноста за зголемување на патарината од 10 отсто ја даде на предлог на Патишта на Србија.

За возење од Белград до Ниш, наместо 730 динари, возачите од сабота ќе треба да издвојат околу 800 динари. Патарината од Белград до Нови Сад ќе биде 210 динари.

Србија со 0,03 евра по километар патарина двојно е поевтина во однос на БиХ, Хрватска и Португалија, каде патарината е 0,06 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1