Пеколот допрва доаѓа, УХМР најавува нов тропски бран


Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а в петок и в сабота одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на предпредување од топлотни бранови.

Се препорачува внимателност во шумските региони поради постоење на потенцијална опасност од шумски пожари.

В сабота спрема недела се очекува да има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1