Пеле во болница


Бразилската фудбалска легенда, Пеле, завршил во болница откако колабирал поради замор. Пеле има 77 години.

Овој викенд требаше да биде во Лодон на вечера во негова чест организирана од Асоцијацијата на спортски новинари.

„Над Пеле се направени неколку тестови кои покажуваа сериозен замор“, соопштија од Асоцијацијата за состојбата на единствениот фудбалер кој освоил три Светски првенства во фудбал.

За сега нема индикации за посериозно заболување.

Изминативе неколку години тој беше третиран за својот проблем со бубрегот како и со простатата.

За време на својата кариера која се простираше 21 година, Пеле во 1363 настапи има дадено 1281 гол, а помеѓу нив и 77 за репрезентацијата на Бразил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1