Пет мртви и осум ранети на аеродром во Флорида ВИДЕО


Вооружено лице уби 5 луѓе на аеродром во Флорида пред да биде фатен од властите. Тој е идентификуван како 26-годишниот Естебан Сантијаго од Њу Џерси и е уапсен.florida33

Од безбедносните власти на аеродромот потврдиле за „Дејли мејл“ дека на местото на инцидентот има уште еден активен стрелец. Тие ги повикаа патниците да побараат прикриени места.

Локалната полиција преку твитер соопшти дека при стрелбата на меѓународниот аеродром Форт Лаудерлдејл – Холивуд биле ранети 8 лица. Повредените се пренесени во болница.

Засега нема информации за мотивите на напаѓачот кој отворил оган во оделот за багаж.

Според статистиката, во ноември лани, над 2,5 милиони патници минале низ овој аеродром.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1