ПЕТ ЖРТВИ НА ВИРУСОТ ЗАПАДНО НИЛСКА ТРЕСКА: Починаа уште две лица, нови пациенти со симптоми нема


Пациентите биле сместени во инфективната клиника поради воспаление на мозокот и биле во кома. Официјално  биле пријавени  35 заболени, но се претпоставува дека имало повеќе од 60, кај седум од нив било потврдено присуството на вирусот.

Уште двајца пациенти починале од воспаление на мозокот во инфективната клиника при клиничкиот центар во Србија. Смртта најверојатно била предизвикана поради западно-нилска треска.
Доколку се потврди дека и кај овие лица причина за смртта е присуството на овој вирус, тогаш во Србија и официјално ќе има пет жртви на болест која ја пренесуваат комарци.

Овие пациенти починале во текот на изминатиов викенд во инфективната клиника, а биле сместени на интензивна нега поради воспаление на мозокот и се наоѓале во кома.
Од дрга страна, за време на изминатиов викенд не бил примен ниту еден нов пациент со симптоми кои би укажувале на присуство на овој вирус.
Од западно-нилска треска до викендов починале три лица кои биле во поодминати години и хронично болни.
Официјално се пријавени 35 заболени, но се шпекулира дека ги има околу 60. Неофицијално, во инфективната клиника моментално лежат 17 пациенти, а кај седум од нив е потврдено присуството на вирусот. Сите се постари од 50 години, и повеќето од нив се наоѓаат во кома.

Tags: , , , , , , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1